Повторно протест на вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – ако нема плата, утре ќе ги блокираат двата влеза!

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно излегоа на протест поради неисплатената плата за септември.

Тие 3 часа ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично.

Како што велат, доколку денес не ја добијат платата, утре ќе ги блокираат двата влеза на Претпријатието.

„Покрај неисплатената плата за септември, вработените се уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор или популарно К-15, ниту јубилејни награди, ниту отпремнина на оние вработени кои заминуваат во пензија“, изјави за претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.

Тој додава дека имаат поднесено и пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на регресот за годишен одмор.