Пожар повторно избувна кај Сутоморе, жителите велат дека се доближил до куќите

Пожарот на Голи Брдо во Сутомор повторно се разгоре, а според жителите пожарот дошол до куќи и улица, пренесува порталот РТЦГ.

Противпожарните служби се на терен.

Се вчитува...

Од Службата за заштита и спасување неофицијално за „Вијести“ велат дека пожарот не е блиску до куќите, дека се уште е на ридот и дека успеваат да го локализираат иако ветерот отежнува.

Во тек е извидувачки лет со хеликоптер над Бар и Сутоморе.

Пожарот во Сутомор избувнал вчера околу 18 часот и зафатил голема површина.