Ажурирано во 21:45
Пожарот во Самоков е целосно локализиран и веднаш потоа изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков.
Претходно:
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид информира дека попладнево избувнал пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“. Опожарен е магацин (хала) во кој се складирани хемикалии.
На терен интервенира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонски Брод, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Електричната енергија во фабриката е веднаш исклучена со цел да се спречи дополнителна опасност.
За состојбата и евентуални последици јавноста ќе биде дополнително информирана.
Фото: Илустрација