Пожар во сервис за возила во Скопје, сопственикот вдишал чад!

На 23.01.2026 во 13:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„3 Македонска Бригада“ во Скопје, настанал пожар во приватна фирма, Сервис за возила, сопственост на Б.С.(52) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош на Б.С. му била укажана лекарска помош на местото на настанот поради вдишување на чад.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.