Пожар во Старо Нагоричане, ќе се дежура цела ноќ бидејќи постои опасност за селата

Денес околу 15.30 часот избувна пожар на отворено на територијата на Општина Старо Нагоричане во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце.

Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот, го обезбедија селото Руѓинце и спречија загрозување на селото. Но, и покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна подршка.

„Бидејки веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта да се обезбеди село Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот.Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село.Во текот на ноќта ќе донесеме одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на овој пожар“, вели директорот на ЦУк Стојанче Ангелов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното