4NEWS.mk

Пожар во Таор, гори сува трска

Во пожарот што избувна денеска во скопското село Таор, гори сува трска на поголема површина.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје за МИА изјавија дека по телефонската дојава за пожарот веднаш испратиле екипи на терен.

Во моментов во Таор се десет пожарникари со три возила, кои се обидуваат целосно да го изгаснат пожарот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни