Македонија

Пожари низ Македонија: Каква е состојбата?

Пожари низ Македонија: Каква е состојбата?

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар.

Службените обицијални податоци се следниве:

РЦУК – Штип, известува дека во општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште а активен. Во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи:
• ДЗС – 30 луѓе со 4 возила;
• ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила;
• ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило;
• Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило;
• ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возила;
• ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила;
• ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило;
• ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило;
• ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила;
• Население – 15 лица.

Од утринските часови на ден 23.07.2022 година, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.

Други пожари во државата часа што биле службено регистрирани во последните 24 се:

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2.

Имала и три останати помали интервенции.

РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција.

РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од 2 декари во с.Дедели. Во сите 3 случаи интервенирале со по 2 пожарникари и 1 ПП возило.

РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци.
ТППЕ Охрид имала една мала интервенција.

РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија.
ТППЕ Кавадарци, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар).

РЦУК – Штип, известува дека пожарот во атарот на с.Разловци, м.в.Ќурчински колиби, (опш.Делчево) е локализиран во вечерните часови на ден 21.07.2022 година. Опожарени се околу 50 хектари, а во текот на ден 22.07.2022 година, од страна на ШС „Голак“ – Делчево повторно е направена обиколка на теренот.

ТППЕ Делчево, известува дека имала две интервенции и тоа: Од 15:40 до 19:30 часот, со 10 пожарникари и 4 ПП возила, интервенирале поради пожар на депонија од градежен и друг отпаден материјал, како и дел од иглолисна шума; Од 16:40 до 18:30 часот, со 12 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа во градот.

ТППЕ Виница, известува дека од 13:30 до 14:50 часот, со 11 пожарникари и 3 теренски возила, ТППЕ Кочани со 2 пожарникари и 15 лица од месно население, гаснеле запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари кај м.в.Бел Камен, с.Блатец.

ТППЕ Штип, од 22:00 часот на ден 21.07.2022 година, до 01:30 часот на ден 22.07.2022 година, со 10 пожарникари и 3 ПП возила гаснеле запалена свињарска фарма во с.Долани.

РЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Ранковце, со 6 пожарникари и 2 ПП возила, како и 12 лица од месно население, од 11:00 до 14:00 часот, гаснеле запалена ниска вегетација и мал дел од шума на површина од околу 2 хектари во с.Љубинци.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни