Свет

Пожари во Австралија, температури над 40 степени и силни ветрови

Стотици лица се евакуирани поради шумските пожари, предизвикани од топлотниот бран во Австралија.

Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одеше од куќа до куќа со барање населението да се евакуира.

Стотици пожарникари се во состојба на подготвеност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и силни ветрови.

Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.

Пожарот започна во саботата и опфаќа област од 66 километри.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни