Пожарот кај Љубин локализиран благодарение на трите Ер трактори и хеликоптерот на МВР

Центарот за управување со кризи информираше за пожар во Општина Сарај кај с. Љубин.

Како што велат, пожарот навлегол во боровата шума, а веднаш на терен беа пратени три Ер Трактори и хеликоптер на МВР.

„Со прецизно дејство на трите Ер трактори на ДЗС како и едниот хеликоптер на МВР пожарот е локализиран. Екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот“, порачаа од ЦУК.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното