Балкан

Пожарот на Халкидики под контрола: Гореше во Ситонија, пожарникарите веднаш реагираа

Пожарот на Халкидики под контрола: Гореше во Ситонија, пожарникарите веднаш реагираа

Под контрола е ставен пожарот на тревната површина што избувна нешто пред 12 часот меѓу Метаморфоси и Никити, поблиску до друга населба, на Ситонија, Халкидики.

На местото на настанот излегле 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица.

Како што пренесува грчкиот портал „Прототема“, пожарот избувнал меѓу градовите Метаморфози и Никити.

На ова подрачје бил испратен и хеликоптер. Во моментов не е загрозена ниту една станбена површина.

Грција со денови се бори со шумските пожари кои беснеат на Родос, Крф и Евија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни