Пожарот во Лос Анџелес однесе 11 животи, сè погласни обвинувања против работата на спасувачките служби

Бројните пожари кои четврти ден по ред беснеат низ Лос Анџелес однесоа најмалку 11 животи. Ветерот што го подгрева пожарот почна да слабее во петокот, додека се погласни се критиките за работата на спасувачките и другите служби вклучени во справувањето со природната катастрофа.

Поради грабежот што следеше во погодените, евакуирани области, беше воведен строг полициски час од 18 часот до 6 часот наутро во областите Палисадес и Алтадена. Ова се и областите кои претрпеа најмногу штети во пожарите.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, демократ, нареди „сеопфатна независна истрага“ на претпријатието за водоснабдување во петокот.
Гувернерот ги опиша како „крајно вознемирувачки“ дефектите во водоснабдувањето и губењето на притисокот во хидрантите на почетокот на катастрофата, што придонесе за ширење на пожарот.

Потребни ни се одговори за да знаеме што се случило“, рече гувернерот во отвореното писмо.

11 луѓе ги загубија животите во разорните пожари, делови од вториот по големина град во САД се целосно уништени: 10.000 згради и куќи исчезнаа, а повеќе од 14.000 хектари земја изгореа.

Претседателот Џо Бајден рече дека сè го потсетува на воени сцени со бомбардирани области.

Во моментов се активни пет пожари, а најголемиот од нив досега изгоре повеќе од 8.000 хектари земјиште во близина на Малибу и населбата Пацифик Палисадес.

Иако ветрот се намалува, што им помага на пожарникарите, најавени се нови евакуации во областа Пацифик Палисадес.

Дин Крисвел од Федералната агенција за управување со катастрофи (ФЕМА) рече дека ситуацијата „останува многу опасна“.

Пред да биде воведен полициски час и да се распоредат силите за спроведување на законот за да се спречи грабежот, жителите се самоорганизираа за да го заштитат она што остана од нивните домови и населби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното