Македонија

Пожарот во Пијанец ставен под контрола

Пожарот во Пијанец ставен под контрола

Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботилиште околу 19 часот е ставен под контрола, но се уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, вели портпаролот на Општина Делчево, Даниела Таќева.

Првичната проценка е дека и во Пијанец е зафатена површина, односно шума од околу 50 хектари.

Таќева вели дека гори сува трева, дабова и борова шума во Пијанечкиот регион, а во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни