Познат актер загина во пожарите во Лос Анџелес

Поранешниот детски актер Рори Калум Сајкс загина во катастрофалните пожари во Лос Анџелес.

Рори Калум Сајкс (32), кој се појави во британското ТВ шоу Kiddy Capers во 1990-тите, почина во семејната куќа во Малибу, Калифорнија, на 8 јануари, објави неговата мајка Шели Сајкс на платформата X.

„Со голема тага морам да ја соопштам смртта на мојот прекрасен син, кој загина во пожарите во Малибу“, напиша Шели, додавајќи дека е „целосно уништена“ од загубата на нејзиниот „прекрасен син“.

Британскиот актер, кој бил слеп и имал церебрална парализа, живеел во Сиднеј, Австралија пред неодамна да се пресели во САД, пишува австралискиот медиум Nine News.

Тој починал додека престојувал во кабина на семејниот имот од 17 хектари во Малибу, открила неговата мајка, пренесува People.

„Не можев да го изгаснам жарот на покривот со црево. Дури и 50 храбри пожарникари немаа вода цел ден“, напиша Шели.

Поранешниот актер не успеал навреме да се евакуира од пожарот во Лос Анџелес, велат од семејството.

Пред неговата прерана смрт, мајката на Рори откри дека тој „надминал многу со операции и терапии за да си го врати видот и да научи да оди“ и дека сака да патува низ светот „и покрај болката“.

„Неизмерно ќе му недостига“, заклучи Шели за нејзиниот покоен син.

Смртта на поранешниот дете-актер се уште официјално не е вклучена во бројот на жртвите од пожарот во Лос Анџелес, според достапните информации.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното