Познат одбојкар пронајден мртов во урнатините по земјотресот во Турција

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 7.200, а десетици илјади луѓе се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција ја погодија два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 погодени провинции. Ќе трае три месеци.

Расте бројот на загинати спортисти

Досега во спасувачките операции се спасени голем број спортисти, а вчера беше објавена веста за Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на турскиот второлигаш Јени Малатијаспор, чие тело беше пронајдено во урнатините. После тоа дојде уште една тажна вест. Турските медиуми објавија дека спасувачите пронашле тела на одбојкарски пар под урнатините по разорниот земјотрес.

Станува збор за одбојкарката Бетул Чобан Чакир и нејзиниот сопруг Бедретин. Бетул имала 27 години и настапувала за турскиот прволигаш Меринос, а нејзиниот сопруг своевремено настапувал за Халкбанка. Сега е објавен уште еден смртен случај од одбојкарскиот свет.

Одбојкарот Еминкам Кочабас (27) загина во колапс за време на страшниот земјотрес во градот Малатија, потврди неговиот клуб на социјалните мрежи. „Со голема тага ја примивме веста дека нашиот одбојкар Еминџан Кочабас го загуби животот во земјотресот во Малатја. Нему и на неговото семејство му посакуваме Божја милост“, соопштија оттаму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното