Салма Хајек на Инстаграм објави фотографија на која позира во бикини и со тоа повторно ги воодушеви своите следбеници.
57-годишната актерка откри дека сакала да позира додека излегувала од морето, но нејзиното семејство решило да се пошегува па ја испрскале со вода и на тој начин се обиделе да ја уништат фотографијата.
„Онаа кога семејството не ти дозволува да се фотографираш со бикини на мир“, напиша таа покрај фотографијата која за само еден ден од објавувањето собра речиси милион лајкови.
