Познатата актерка се омажила во тајност – еве кој е младоженецот!

Познатата актерна Ана Фарис во тајност се омажила за снимателот Мајкл Барет.

44-годишната актерка ова случајно го откри додека разговараше со кулинарскиот експерт Гејл Симонс на нејзиниот поткаст „Ана Фарис е неквалификувана“.

Таа посочи дека таа и Барет се венчале во судската палата во државата Вашингтон

„Се вртам околу себе. Десно е мојот вереник, сега мој сопруг. Да, тајно се венчавме“, рекла Фарис.

Инаку, на актерката ова и е трети брак, а таа не сподели други детали од свадбата.

Со Мајкл во 2017 започнале врска. Прв маж и беше актерот Бен Индра, а после него се венчаше со Крис Прат со кого има осумгодишен син.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното