Добрила Ивановска Чабриќ воодушевува со својата животна приказна.
Оваа жена има 97 години и живот на кој многумина би позавиделе. Таа никогаш не го изгубила ведриот дух, а за својот 95-ти роденден приреди голема забава.
“Толку убави зборови, многу сум среќна. Кога ќе се разбудам наутро, немам планови, го оставам денот да тече спонтано. Ако нешто планирам, тоа веднаш пропаѓа, секогаш се појавува нешто за да спречи тој план да се реализира. Живеам опуштено”, вели таа.
Добрила (97) вози автомобил, прави забави, има напишано и книга.
Од Македонија дошла сама со автомобил и, како што вели, зад воланот се чувствува како да е едно со природата и со се што се случува.
Бурен љубовен живот
Интересно е и тоа што Добрила двапати се омажила за ист маж.
“Мајка ми се омажи и ме роди на 17 години, јас родив син на 21 година, тогаш веќе работев во театар, а мојот сопруг не сакаше мали бебиња кои плачат. Имав проблеми со него и тогаш раскинавме. Не ме пречека како што треба од породилиштето”, започнала таа.
После тоа, таа поднела барање за развод.
„Многу ја сакав свекрва ми, таа беше професор по математика на универзитетот и по повеќе од 20 години повторно се венчавме“, вели таа.
Добрила ја напиша и книгата „На путу ка стои“, за која вели дека сите и рекле дека не можат да престанат да ја читаат.
Поради одличниот и витален изглед, многумина и велеа дека „лаже“, и дека наместо 97 мора да има околу 70 години. Нејзината тајна е едноставна.
„Можеби се гените, но енергијата е многу важна. Кога дојдов во Дојран го почувствував тоа и таму сум долго време“, истакна таа.