Ѕвездата на филмовите за возрасни, Миа Калифа со својата нова објава на својот Инстаграм профил ги израдува фановите низ светот.
Имено, „омилената порно пензионерка“ сподели со следбениците дека се разведува од сопругот после две години брак.
Таа вели дека не се работи за само еден проблем и дека тие ќе останат во добри односи.
„Со сигурност можеме да кажеме дека се обидовме со сè за да успее нашиот брак, но по скоро една година терапија и работејќи на тоа, се разделивме, знаејќи дека еден во друг секогаш ќе имаме пријател и дека навистина дадовме се од себе. Ние секогаш ќе се сакаме и почитуваме, бидејќи знаеме дека не е само еден внатрешен проблем причина за нашето раскинување, туку кулминација на нерешливи, клучни разлики за кои не можеме да се обвинуваме еден со друг“ – напиша Миа.
