Во летниот период нема потреба да се вклучува фенот за коса, потребно е само малку да почекате и за кратко време косата ќе биде повторно сува.
Природното сушење на косата помага да се заштити косата од оштетување.
Имено, откако ќе ја измиете косата и ја виткате во пешкир, не е добро да ја триете силно затоа што само ќе ја зголемите можноста за кршење на косата.
Идеално е кога пешкирот апсорбира малку вода и косата се суши сама по себе.
Не треба да се чешла кога е влажна бидејќи тоа поттикнува кршење, затоа подобро е да се чешла откако ќе биде целосно сува.
Честото миење на косата може да го исуши темето, а најоптимално е двапати неделно.
Балсамот е задолжителен, бидејќи за да може косата да биде здрава, потребни се хранливи материи и нега.