Поминете ги празниците со стил со пиење Eggnog, кое традиционално се служи во САД и Канада.
Тоа е утешен (и калоричен) пијалок кој ги вклучува најмиризливите божиќни зачини, многу лесно се подготвува и пие.
Божиќен ликер од јајца и рум – состојки:
1 литар млеко
10 жолчки
300 гр шеќер
250 мл рум
400 гр слатка павлака
4-5 каранфилче
1 лажичка мелен цимет
2 лажици екстракт од ванила
½ лажичка морско оревче
Божиќен ликер од јајца и рум – подготовка:
Измешајте млеко, каранфилче и цимет, ставете ја течноста во тенџере и загрејте ја на најмал оган околу пет минути.
Во посебен сад убаво изматете ги жолчките и шеќерот додека не добиете пенеста смеса, па полека додадете го топлото млеко. Префрлете ја целата смеса во тенџере и варете на умерена температура околу три минути додека смесата не се згусне. Забележете дека пијалокот не смее да врие.
Процедете ја течноста од каранфилчето и оставете да се излади. Во изладената течност додадете ја слатката павлака, екстрактот од ванила, морското оревче и румот. Добро изладете го во фрижидер пред послужување. Вака приготвениот божиќен коктел можете да го чувате во фрижидер десет дена. На здравје!