Пред 20 години беше на модната сцена, а денес не ја гледаме често

Поранешната манекенка и кралица на Хрватска Антеа Коџоман се појави на гала настан во Загреб на кој се собраа многу познати личности.

Убавицата беше главна ѕвезда на секој социјален настан во времето на нејзината најголема слава, а денес ретко се појавува во јавноста. Сепак, кога се појавува, го краде вниманието на фотографите и набљудувачите, а така беше и сега. На овој гала настан таа се појави во зелен долг фустан и го истакна своето бујно деколте, а преку високиот шлиц се пофали и со витките нозе. Во комбинацијата додаде зелени сандали и беж чанта.

Кралицата на Хрватска од 1999 година моментално е маркетинг директор на НК Локомотива и дефинитивно не посетува настани како порано. За кариерата може да и се заблагодари на Сњежана Шилингер, која ја запре на улица и ја убеди да се пријави на изборот за убавина.

Инаку, поранешната манекенка, пред да се повлече од јавноста, ги полнеше медиумските колумни со својот бурен живот. Но, нејзиниот љубовен живот секогаш бил обвиен со превез на тајност и никогаш не потврдила ниту една врска, а ја поврзувале и со многу познати мажи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното