На денешниот протест, организиран од иницијативата „Кој е следен?“, присутните пред ГОБ Свет Наум Охридски ја покажаа својата поддршка на лекарите кои се борат за животите на повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Присутните аплаудираа во знак на благодарност и солидарност со медицинскиот персонал кој со огромен труд и посветеност се справува со последиците од трагедијата.
Аплаузот беше израз на почитување за нивната храброст и упорност во спасувањето на животите на повредените, кои продолжуваат да се борат за своето здравје и живот.