Иако многумина сакаат да ги измијат забите веднаш штом ќе станат од кревет, други сметаат дека е подобро тоа да го сторат после појадокот. Оваа тема е актуелна и на „ТикТок“, а во целата расправа се вклучиле и стоматолози кои ја решиле дилемата.
„Измијте ги забите, појадувајте, пијте кафе, и потоа само исплакнете ја со вода“, советува еден стоматолог.
Тој додава дека миењето на забите после појадок не е паметно затоа што киселината во устата може да ја уништи глеѓта (обвивка на забите). И уште една докторка е согласна дека забите треба да се мијат пред појадок.
Други, пак, сметаат дека не е важно дали забите ќе ги исчистите пред или после појадок, туку е важно колку чекате меѓу тие активности. Совет е да не ги миете 30 минути после јадење.