Предлози за измени на Изборниот законик

Листата „Подобро за Тетово“ ги критикува напорите на владејачките партии за измена на Изборниот законик, бидејќи, како што велат, се настојува целосно да се елиминира невладиниот фактор.

-Постојат обиди овој предлог-закон да се донесе по скратена постапка, без јавна дебата, без транспарентност, иако беше укинат пред само еден месец од Уставниот суд, а сега се враќа во уште потешка верзија! Новите измени се обид за бришење на независните гласови од политичката карта, изјави Агон Арифи, Подобро за Тетово.

Премиерот Мицкоски изјави дека измените на Изборниот законик бараат политички консензус, додека според него таков консензус постои. Тој додаде дека незадоволството на невладините организации не може да го спречи.

Според предложените измени, независните кандидати ќе може да се кандидираат на избори со 900 потписи, додека кандидатите на политичките партии треба да соберат 1.000 потписи. Во текстот се наведува дека предложените измени имаат за цел да го подобрат изборниот процес и да го гарантираат правото на слободно, еднакво и демократско гласање, врз основа на препораките на ОДИХР. Претходно, и граѓанските здруженија реагираа дека Изборниот законик се користи како оружје против независните.