Светот е на критичен крстопат меѓу светските поредоци и соочени со бројни предизвици, а соработката е единствениот пат напред, според Глобалниот барометар за 2025 година на Светскиот економски форум (СЕФ), кој беше објавен пред претстојниот собир на претставници на светската деловна и политичка елита во елитниот швајцарски зимски центар.
„Може да се каже дека три децении зголемена соработка што ја видовме по Студената војна дефинитивно завршија. Ние сме меѓу светски поредоци. Имавме еден светски поредок по Студената војна кој ја подобри и охрабри соработката. А сега не навистина знам што е новиот светски поредок“, рече претседателот на Светскиот економски форум, Берге Бренде.
Тој предупреди дека тековното распаѓање во глобалната соработка и трговија може да доведе до пад на глобалниот БДП за седум до осум проценти.