Прекин на руско-европската соработка – суспендирана мисијата на Марс

Европската вселенска агенција (ESA) соопшти дека руско-европската мисија на планетата Марс (ExoMars) е суспендирана и бара алтернатива за четири други мисии поради прекин на соработката со руската вселенска агенција Роскосмос.

Мисијата ExoMars е планирана за септември со испраќање европски ровер на црвената планета со помош на руски фрлачи.

Советот на ЕСА повика на потрага по други начини за извршување на ExoMars и други вселенски мисии.