Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно блокиран од 18 часот поради штрајк на грчките земјоделци.
Преминот е затворен за сите видови возила, а според првичните информации блокадата е поставена на грчка страна од границата.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување кон овој премин додека трае блокадата и да ги користат алтернативните гранични премини.
За дополнителни информации се најавуваат навремени известувања.