Од македонскиот државен врв само претседателот на државата заедно со сопругата ќе присуствуваат на погребот на Кралицата Елизабета Втора.
Премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува на погребот на кралицата, дознава 4NEWS.mk.
Од Македонскиот државен врв во Велика Британија ќе отпатува само претседателот на државата. Тоа го потврдија и од неговиот кабинет.
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, информираа од Кабинетот на претседалот на државата.
Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември. Британците ќе добијат уште еден слоободен ден. Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Принцот Чарлс со смртаа на кралицата автиматски стана нов крал на Велика Британија, Чарлс Трети.