Македонија

Премиерот Ковачевски пред пратениците одговараше зошто со ќерката патувал во Рим

Премиерот Ковачевски пред пратениците одговараше зошто со ќерката патувал во Рим

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред пратениците одговараше на прашања, а меѓунив беше и прашањето зошто во Рим патувал заедно со неговатаа ќерка.

„Тука нема ништо невообичание ниту е надвор од протокол да присуствува член на семејство на државник при посета на Папата во Ватикан“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека и во минатото се случувале слични посети, но нема разлика дали со премиерот ќе патува сопружник или сопружничка или друг член на семејството.

Изборот го прави тој што ќе оди.

„Со посетата се искажува почит и чест кон домаќинот“, додаде Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни