Македонија

Претпладне сончево, подоцна нестабилно со дожд, грмежи и локално невреме

Претпладне сончево, подоцна нестабилно со дожд, грмежи и локално невреме

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. 

Утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни