Претрес во дом на 20-годишен битолчанец – пронајдени четири ловечки пушки и куршуми

На 05.02.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, а поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.С.(20) во с.Трап, битолско.

При претресот биле пронајдени и одземени четири ловечки пушки, една воздушна пушка и куршуми за пушки од различен калибар.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното