На 11.05.2025 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(43) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари, додека екипа од ЕВН констатирала дека постои кражба на струја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.