Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, одземени лап топ компјутери, мобилни уреди, документација и други предмети

На 25.03.2025 од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани.

Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се  лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.

Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното