Македонија

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален пиштол

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален пиштол
Фото: 4news.mk

Три лица се приведени во одделни полициски акции во Куманово, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени дрога и нелегално оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во првата акција, која била спроведена околу 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 19-годишниот Г.М. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Неколку часа подоцна, околу 22:20 часот, полицијата спровела уште еден претрес, при што биле приведени 45-годишниот Р.С. и 42-годишната Д.В., двајцата од Куманово.

Во домот на Р.С., каде во моментот на претресот била затекната и Д.В., полицијата пронашла бела прашкаста материја, како и пиштол со калибар 7,62 милиметри без рамка и муниција, за кој сопственикот не поседувал дозвола. При личен преглед на Д.В. била пронајдена прашкаста материја.

Од МВР информираат дека и двајцата се приведени во полициска станица, а по комплетирањето на доказите против сите инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни