Извршени се претреси на повеќе локации во Цетиње, информираат од Полициската управа за порталот РТЦГ.
Две лица барани од полицијата се приведени при претрес на членови на организирани криминални групи во Цетиње, соопшти Управата на полицијата, пишува РТЦГ.
Уапсен е М.М. кого полицијата го сомничи дека е член на организирана криминална група, кој се барал на национално ниво, како и Р.В. кој се барал за издржување затворска казна.
Полицијата најпрвин извршила претрес на четири локации кои ги користел оперативното лице од интерес В.Ј.
Од полицијата велат дека со оваа акција уште еднаш се потврдува посветеноста и одлучноста на службениците од Регионалниот центар за безбедност „Центар“ и Одделението за обезбедување Цетиње во борбата против организираниот криминал и зачувувањето на безбедноста на граѓаните.