Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, националниот празник на Македонија.
Со одлуката, четворица осуденици се целосно ослободуваат од понатамошно издржување на казната затвор:
- Раде Здравко Јовановиќ од с. Криволак, Општина Неготино
- Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци
- Николчe Љубе Костадиновски од Куманово
- Зејадин Сали Мифтари од с. Черкезе

Делумно помилување, односно намалување на казната затвор, добија уште четворица осуденици:
- Емир Надир Јонузи од с. Слатино, Тетово – за 3 месеци
- Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци
- Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци
- Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци
Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот и Законот за помилување.