Македонија

Претседателот на комисијата за надворешна политика бара итна дебата во Собрание за темата Бугарија

Претседателот на комисијата за надворешна политика бара итна дебата во Собрание за темата Бугарија

Претседателот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски лично до премиерот и министерот за надворешни работи доставил барање за итна дебата во Собрание по темата Бугарија.

„По доставувањето на овие два битни документи, утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика бидејќи задутре кога се одржува седница на Советот на ЕУ може да биде и предоцна. Седницата на комисијата заради големиот интерес предлагам да биде отворена за јавноста. Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи и дискутира на темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, им напиша Милошоски во барањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни