Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги посети повредените од пожарот во Кочани.
Тој вели за нас е трагедија во Кочани, како тука некаде да се случило.
„За нас е трагедија во Кочани, како тука некаде да се случило. Верувам дека ќе можеме да им помогнеме на овие луѓе кои дојдоа со страшно сериозни повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци, и подготвени сме да примиме повеќе пациенти, затоа што имаме најсовремени опремени болници.
Нема да му биде лесно на македонскиот народ, а ние секогаш ќе бидеме со нив, како што беа тие со нас“, вели претседателот Вучиќ.
-Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ ги посети повредените во пожар во дискотека во Македонија.