Прилепчанка се задушила во пожар во нејзината куќа

Вчера околу 20 часот во Прилеп, во куќа на 82-годишната М.К. избувнал пожар. Противпожарните екипи го изгасиле пожарот, а потоа во куќата била пронајдена М.К. почината. Веројатно станува збор за задушување со чад.

„На 23.12.2018 година околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Се вчитува...

Извор: ТВ21