„Прилепска пиварница“ АД Прилеп продолжи со откупот на сопствени акции, информираше компанијата денеска преку Македонската берза.
Според објавеното соопштение, компанијата вчера, на 8 октомври 2025 година, се стекнала со 111 сопствени обични акции.
Со оваа последна трансакција, вкупниот број на сопствени акции што ги поседува „Прилепска пиварница“ се искачи на 1.128, што претставува 2,82% од вкупниот број на издадени акции на компанијата.
Откупот на сопствени акции се спроведува врз основа на претходно донесена одлука на Собранието на акционери на компанијата од 30 мај 2025 година.