Во Зоолошката градина во Скопје се родија близначиња од видот џуџести мармозети – најмалите мајмунчиња на светот, информираат од ЗОО Скопје.

Од таму велат дека џуџестите мармозети тежат најмногу до 100 грама, поради што и новороденчињата моментално се тешко забележливи со голо око. Двете бебиња постојано се наоѓаат на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група.
Од Зоолошката порачаа дека станува збор за значајна принова и дека посетителите ќе можат да ги забележат малите мармозети во наредниот период кога ќе станат повидливи.
