Принцезата Дијана стана икона на поп-културата, па дури и денес, толку години по нејзината смрт, нејзината популарност не опаѓа. За неа се знае многу, но има некои работи на кои луѓето не се ни паметат.
Имено, Дијана никогаш не сонувала да биде принцеза, туку нејзиниот животен повик го видела во танц. Уште од мала сакала да биде балерина, но поради висината таа желба никогаш не можела да ја исполни.
Во 2017 година, професорката по балет на Дијана, Ен Алан, откри каква била соработката со принцезата.
Танцот и беше во душата. Можев да го почувствувам чистото уживање што балетот го предизвика во неа. Тој и помогна да се справи со нејзиниот емотивен живот – изјави професорката.
До својата деветта година научила да танцува дома, а потоа била испратена во интернат, кој го напуштила на 16 години поради слабите перформанси.
После тоа, го продолжила своето образование во Швајцарија, каде го запознала Чарлс, а останатото е историја.
