Две години пред нејзината трагична смрт, Дијана даде интервју во кое откри бројни детали за нејзиниот сопруг Чарлс.
Принцот од Велс и официјално стана крал на Британија, под името Чарлс III, а пред неколку децении неговата поранешна сопруга принцезата Дијана, која загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз, кажа што мисли за тоа дали синот на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип може да ја носи круната.
Кон крајот на нејзиниот живот, принцезата Дијана не сакаше да ја засака идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дијана зборуваше за неговата способност да биде иден крал.
– Ми кажа дека е страшно нетрпелива приказната да излезе на виделина. И јас поминав неколку часа со Дијана и таа приреди прекрасно шоу. Мислам, таа кажа апсолутно интересни работи“, рече Хестингс, чие интервју со Дијана во „BBC Panorama show“ беше емитувано во 1995 година. Сепак, не беа прикажани сите делови од тој разговор, па ги презентираше подоцна.
– Беше јасно, пред се, колку го мрази Чарлс. Да, таа го мразеше Чарлс. А кога ја прашав: „Имало ли некогаш среќни моменти?“, таа ми рече: „Не, бракот беше пекол од првиот ден“ – раскажа и откри детали за круната:
– Таа рече дека се грижи само за наследувањето на Вилијам на тронот. Таа ми кажа сосема експлицитно: „Мислам дека Чарлс не може да го направи тоа“.