Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

Неприродно високите температури за овој период од годината, покрај главоболките и постојаната поспаност, донесоа и бројни вируси кои ги воспалуваат синусите, создаваат кашлица и доведуваат до целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете телото и да ги победите настинката и вирусот, можете да го пробате овој едноставен рецепт.

Потребни состојки:

  • 6 лимони
  • 1 поголем лук
  • 2 лажички ѓумбир во прав
  • 2 лажички мед
  • 3 шолји сок од ананас
  • ¼ црвен лут пипер во прав

Начин на подготовка:

  • Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во блендер.
  • Додадете ги сите останати состојки и миксајте додека не добиете хомогена течност.
  • Добиениот пијалак складирајте го во стаклено шише во ладилник и секој ден пијте по 4 помали чаши додека симптомите од настинката не исчезнат.