Пристигна терапијата што недостасуваше на Онкологија!

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информираше дека недостасувачките терапии за Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје пристигнаа денеска, а утре и в понеделник се очекуваат нови количини. Тој истакна дека 95% од пациентите се третираат редовно, а недостасувале лекови за 5% од нив. Според Таравари, напорите се насочени кон обезбедување на терапија за сите пациенти од идната недела.

За имунолошката терапија, министерот изрази надеж дека нема да има криза и дека проблемите со снабдувањето ќе се решат. За набавка на лекови, тој истакна дека договори се склучени со неколку веледрогерии, вклучувајќи „Алкалоид“ и „Пановски“.

Таравари најави и формирање на стручни комисии за случаите со починатото деветгодишно дете и близначињата во Прилеп.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното