Од скопскиот кривичен суд за Телма потврдија дека на 16-годишно дете по барање на обвинителството му е определена мерка притвор која почналпо да ја издржува. Детето без довола со автомобил на таткото прегази жена на Пластичарската улица по што прегазената почина.
-На 4 јуни, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, детето во судир со законот управувало патничко моторно возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот, оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, соопшти обвинителството.
Обвинителството отвори постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3.
За ова кривично дело предвидена е затворскља казна од 1 до 5 години затвор.