Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21-годишниот А.К. од село Бузалково, поради закани упатени кон Д.Р. (62) од Прилеп, претседател на испитна комисија, и кон М.К. од Кавадарци, испитувач, по неуспешен полагање на возачки испит.
А.К. бил приведен и по документирањето на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.