Приведен 31-годишник за попречување на службени лица во Неготино

На 8 јануари 2025 година, околу 22 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Р.Д. (31) од село Криволак, неготинско, поради агресивно однесување и попречување на службени задачи на Шумската полиција.

Инцидентот се случил околу 21:30 часот во атарот на село Пепелиште, кога вработени од Шумска полиција Неготино забележале три лица како во патничко возило „Мазда“ со неготински регистарски ознаки товарат исечени дрва. Набргу на местото настанот пристигнал Р.Д. со уште три лица, кои агресивно реагирале и ги спречувале службените лица при извршување на нивните должности.

Возилото и исечените дрва се одземени, а Р.Д. е задржан во полициската станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното