Приведен брачен пар од Арачиново – не сакале да вратат новороденче на мајката!

Сопружници од Арачиново се приведени откако жена од Куманово пријавила дека не сакале да ѝ го вратат нејзиното бебе, кое привремено им го доверила.

Според СВР Куманово, 41-годишната М.М. пријавила дека брачниот пар А.М. (39) и А.М. (35) не сакале да ѝ го вратат детето, кое им го оставила на чување.

Жената ги запознала сопружниците додека била бремена, а тие ѝ понудиле финансиска помош по породувањето. По раѓањето на бебето на 18 февруари, таа на 20-ти излегла од болница и наводно, на нивен предлог, потпишала нотарска изјава за привремено згрижување.

Два дена подоцна, таа им го оставила бебето, а мажот ѝ дал финансиски средства. Но, кога на 23 февруари побарала да си го земе детето, наводно ѝ било кажано дека ќе остане кај нив.

На 24 февруари, околу 01:40 часот, полицијата ги привела сопружниците, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава против нив.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното