ВИДЕО Тепачка па приведен сопственикот на депонијата која гори кај Визбегово

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, дознава 4NEWS.mk

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.

Според првични наши информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера.

Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.

Во моментов интервенира еден Ер Трактор.